Во текот на изминатата недела се одигра последниот турнир од познатата ,,Серија на домашните нации”, односно по 27. пат во историјата, снукер ѕвездите се бореа за ,,Скотиш Опен”. Истиот, поради пандемијата, беше одржан во Милтон Кинс, Англија, наместо во Глазгов, Шкотска.
Освојувачот на ,,Нортерн Ајрленд Опен” и финалистот на ,,УК Чемпионшип”, Џад Трамп, беше шокантно елиминиран во четврт-финалето од Кинезот Ли Ханг (4-5).
Во финалето се пласираа двократниот освојувач на овој турнир, Рони О’Саливен и шампионот од минатата година – Марк Селби. Накрај, Селби ја одбрани титулата, откако славеше со убедливи 9-3 на шеснаесеттото од последните седумнаесет финалиња на рангираните турнири. О’Саливен успеа да освои фрејмови само за поставување на следните резултати: 1-1, 3-2 и 7-3. За Селби, ова е прв триумф над денешниот ривал после точно една година, кога го совлада со 5-4 во четврт-финалето на истиот турнир. Во меѓувреме, О’Саливен оствари две врзани победи над старо-новиот шампион на ,,Скотиш Опен”.
На патот до големото финале, Селби ги елиминира: Јуан Сиџун (4-1), Најџел Бонд (4-2), Марк Џојс (4-2), Љу Хаотиан (4-1), Рики Волден (5-4) и Џејми Џонс (6-1).
Од друга страна, О’Саливен ги надигра: Алан Тејлор (4-2), Чанг Бингју (4-1), Тиан Пенгфеи (4-3), Роби Вилијамс (4-1), Динг Џунхуи (5-4) и Ли Ханг (6-4).



