Данска кој е организатор на Европското првенство во ракомет за жени ја оствари супер важната победа над Шпанија со резултат од 34:24 на полувреме беше 17:10 и остана во игра за полуфинале каде што во директен дуел со Русија ќе одлучат меѓусебе која од двете репрезентации ќе влезе во борба за медалите.
Во победничкиот табор најзаслужни за големиот триумф се голманката Сандра Тофт со 12 интервенции, која воедно беше и прогласена за МВП на натпреварот, додека Реј Бидструп постигна 6, а Трине Јенсен 5 гола. Во репрезентацијата на Шпанија најефикасна заврши Алисија Фернадез со 4 постигнати гола.
Ракометарките на Црна Гора забележа убедлива победа над Шведска со резултат од 31:25 на полувреме беше 16:10, што за нив беше прва победа во втората фаза на Европското првенство во Данска.
Во меч без поголемо значење, црногорките одиграа одлично и сосема заслужено славеа убедливо. Екс-вардарката Јованка Радичевиќ средбата ја заврши со 11 гола од 12 шута и сосема заслужено и припадна МВП признанието.



