Вo рамките на 9 коло од младинската лига во Русија, младиот репрезентативен напаѓач Давид Тошевски постигна два гола за Ростов во победата од 3:1 против Ротор Волгоград.
Тошевски погодоците ги постигна во 78 и 79 минута и ја донесе победата за својот тим. Додека во првиот тим ја добие зголемената минутажа, млaдиот шпиц ќе крева самодоверба во младинската лига и ќе ја чека својaта шанса.



