По неочекуваниот пораз од Барнсли (1-0) во претходното коло, фудбалерите предводени од Владимир Ивиќ успеаја да триумфираат над поранешниот премиерлигаш.
Имено, екипата на Вотфорд, во десеттото коло, успеа да го порази Стоук, со 3-2.
Гостите поведоа уште во воведните минути, со третиот овосезонски погодок на Стивен Флечер.
Во наредните шеесет минути игра, Вотфорд направи пресврт, со контроверзниот пречка-гол на Том Клеверли (28′) и голот од пенал на Жоао Педро (61′).
На девет минути пред крајот, Ник Пауел му донесе израмнување на Стоук, а во втората минута од продолжението, Исмаила Сар го совлада Ангус Ган за четвртата овосезонска победа на ,,Стршлените”.
Симболично, четвртиот триумф му го донесе четвртото место на Вотфорд, кој заостанува четири поени зад лидерот Рединг, додека Стоук ја зазема дванаесеттата позиција.



