Горан Пандев го одигра второто полувреме од заостанатиот меч од Серија А помеѓу Џенова и Торино во кој што гостите стигнаа до важна победа од 1:2. Единствениот гол за домаќините го постигна младиот Скамака во судиското продолжение во 94 минута и сето тоа на заслуга на Горан Пандев кој му сервираше асистенција за гол.