Во инаугуралниот меч на осмото НФЛ коло, силите ги одмерија Каролина Пантерс и Атланта Фалконс.
Момците од Џорџија го запишаа својот втор овосезонски триумф со синоќешната победа од 17-25, нанесувајќи им го петтиот пораз на Пантерс.
Имено, во првото полувреме, односно во првите осумнаесет минути игра, играчите на Каролина водеа со 14-6, преку двата тачдауни на Куртис Самуел и двата екстра-поени на Џои Слај.
До крајот на втората четвртина, квотербекот на Фалконс, Мет Рајан, го постигна својот прв тачдаун со трчање во новата сезона и заедно со трите филд-голови и со екстра-поенот на Јанг Хое Ку, го комплетира пресвртот на својот тим.
Во второто полувреме, Фалконс уште еден филд-гол од страна на Ку и уште еден тачдаун со пробивање на Тод Гурли.
Единствените поени на Каролина повторно беа дело на Слај со успешниот шут за три поени во третата четвртина.
Одбраната на Атланта беше солидна на синоќешната средба со три секови, по еден од Данте Фаулер, од Ајзеа Оливер и од Дион Џонс и со едно пресечено додавање на Блајди Вре-Вилсон при последниот обид за додавање на Теди Бриџвотер.
Во соработка со НФЛ Македонија



