Во Бундеслигата тимот на Штутгарт за кој настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски славеше дома против Лајпциг со 30:24.
Жарко Пешевски повторно беше одличен со 5 голови за својот тим со кои помогна тимот моментално да се искачи на првото место на табелата.



