Од сите шеснаесет екипи, кои денес ги одиграа своите дуели во КХЛ, само Северстаљ од Череповец не успеа да ја затресе противничката мрежа.
Имено, петтопласираниот тим на Западот, на домашен терен, беше поразен од Витјаз Подолск со 0-3, кој со новите два поени влезе во плејоф-зоната на местото на Спартак Москва.
По првата третина, резултатот гласеше 0-0, а во вториот период, Витјаз направи капитална предност од 0-2 преку Матијас Теденби и Јакуб Јерабек.
Во третиот дел, односно во претпоследната минута, конечниот резултат го постави Иван Ларичев.



