Фудбалерот на кој што се темелеше играта во одбрана и носителот на дефанзивните задачи, холанѓанецот Вирџил ван Дајк на градското дерби помеѓу Евертон и Ливерпул заработи тешка повреда на коленото при сударот со противничкиот голман Пикфорд и англиски чувар на мрежата.

Уште во првото полувреме се случи тој кобен судир помеѓу нив двајца иако деванзивецот даде сигнали дека повредата не е од посериозен карактер сепак после деталните прегледи после натпреварот се покажало дека Вирџил ван Дајк ќе отсуствува од зелените терени помеѓу 7 и 8 месеци, стоперот е премногу важен играч за Ливерпул и ова за нив е голем шок во продолжението од сезоната. Мерсисајд дербито заврши со резултат од 2:2.



