Во рамките на 10 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен првенствен натпревар домашната млада талентирана екипа на ЖФК Речица дојде до голем триумф со резултат од 2:1 и нови три бода против фаворитот и клубот со шампионско минато, тимот на ЖФК Истатов од Нов Дојран.
ЖФК Речица има квалитетна и прилично најмлада екипа во лигата и на домашен терен секогаш игра храбро и на бодови буквално против сите во лигата па и против фаворитите.
Херој и МВП на мечот е Анастасија Петровска која што беше стрелец на двата гола во победата од 2:1. За истакнување е и голманот во екипата која што на неколку пати перфектно реагираше и не дозволи повторно да се затресе нејзината мрежа, а во судиското продолжение имаше во два наврати две бравурозни одбрани со кој што спаси триумф за својата екипа.
Бодовите од овој натпревар ќе бидат искористени за опстанок во лигата, додека гостинската екипа која исто така има несомнен квалитет бодови ќе бара во следните кола и враќање на формата за борба за висок пласман оваа сезона.



