Њујорк Јенкис го остварија и десеттиот триумф во низа, со втората последователна победа над најголемите ривали – Бостон Ред Сокс.
Синоќа, екипата од Њујорк покажа доминантна игра и ја доби средбата со 0-8.
Поените паднаа во првиот, во четвртиот, во петтиот и во деветтиот ининг, а единствен играч што постигна хоум-ран беше Клинт Фрејзер.
Со оваа победа, Јенкис (31-21) се втори во Источната дивизија на Американската лига, додека Ред Сокс (19-34) се последни.



