Првиот натпревар од финалната серија помеѓу Далас Старс и Тампа Беј Лајтнинг заврши во корист на западните шампиони.
Имено, Далас славеше со 1-4 и е на само три победи од вториот Стенли Куп, односно прв после 1998/99.
Старс поведоа со голот на Џоел Хенли во шестата минута, а до крајот на првиот период, Тампа Беј израмни на 1-1 преки Јани Гурд.
Вториот дел беше пресуден за понатамошниот тек на мечот. Далас Старс постигнаа два погодоци преку Џејми Олексијак и Јоел Кивиранта за стекнување на капитална предност од 1-3, којашто Џејсон Дикинсон само ја завери на празен гол на минута пред крајот.