Во првото коло од новата НФЛ сезона, силите ги одмерија дивизиските ривали од НФК Север – Минесота Викингс и Грин Беј Пекерс.
Грин Беј дојде до третата победа во низа над денешниот ривал и тоа со резултат од
Викингс имаа резултатска позитива само во првата четвртина, а потоа на сцена стапија гостите од Висконсин.
Пекерс постигнаа вкупно пет тачдауни што беа дело на Адамс (х2), Валдес-Скентлинг, Лазард и Џонс.
Адамс го запиша својот 42. тачдаун во НФЛ од 2016 година наваму што е најмногу од сите играчи во тој период.
За Викингс, по двапати поентираа Кук и Тилен, кои исто така учествуваа и во две конверзии за два поени.
Два поени на Грин Беј дојдоа преку сејфти на Александер, кој е првиот играч на овој тим што постигнал сејфти после Тиери во 2001.
На овој меч, Роџерс имаше 364 јарди и со тоа стана дванаесетти квотербек во историјата по бројот на јарди освоени со додавање, а го претекна Френ Таркентон.



