Мајорка е се поблиску да испадне од Примера, но во својот тим има фудбалски бисер кој што во догледна иднина ќе биде голема фудбалска ѕвезда. Имено младиот талент Лука Ромеро дебитираше на мечот против Реал Мадрид со свои 15 години и 229 дена, а настапи од 84 минута кога неговиот тим имаше негатива од 2:0.
Со првите негови чекори на терен покажа дека има префинета техника и дека не се плаши од величина на играчи како само што ги има Реал Мадрид и од него во иднина се очекуваат само блескави настапи.



