Марио Гомез ја заврши својата богата фудбалска кариера и тоа на вистински начин со постигнат гол на првенствен натпревар за својот тим Штутгарт против Дармштат, а освен тоа Штутгарт прослави пласман во најдобрата Бундес лига.
Гомез ги закачи копачките на клинец на 34-годишна возраст, а зад себе остави блескави моменти како на клупски така и во репрезентативниот дрес на Германија. На свечениот настан беше и репрезентативниот напаѓач Дарко Чурлинов кој доби и можност за настап на овој натпревар.




