Двоен Македонски триумф на Србија опен куп во Србија каде што на онлајн натпреварување поради настанатата ситуација со Ковид 19 најдобрите наши пауерлифтинг натпреварувачи во категорија до 105 килограми во М1 конкуренција над 40 години Лазар Захариев во Лесковац,Србија подигна фантастични 195 килограми и со тоа го освои златниот медал.
Вториот македонски натпреварувач, Бошко Стаменковски во категорија до 74 килограми во конкуренција на М2 подигна одлични 135 килограми и исто така сосема заслужено го освои златниот медал на ова квалитетно меѓународно натпреварување во кое уште имаше преставници од Црна Гора, Бих, Словенија, Словачка, Хрватска и домаќинот Србија.