Во двата досегашни денешни натпревари од второто коло во овогодинешната АФЛ сезона можевме да проследиме исклучително интересни завршници.
Во првиот меч, Бризбејн Лионс и Фриментл Докерс приредија вистинско шоу на „Оптус Стадиум“ во Перт, кое кулминираше со одличниот финиш. Имено, Бризбејн влезе во завршните две минути со предност од само четири поени, па со солидната игра во нападот, на крајот успеа да дојде до навидум убедлива победа од (12.9) 81-69 (10.9). Најефикасен играч од победничкиот тим беше Чарли Камерон (4.2), додека од редовите на Фриментл, капитенот Нет Фајф забележа учинок од 3.1.
Во вториот натпревар се соочија две екипи од Мелбурн односно Карлтон Блус и Мелбурн Демонс. Демонс го држеа резултатот под контрола речиси до самиот крај, но во последната четвртина, Карлтон успеа да надомести заостаток од 23 поени израмнувајќи ги бројките на семафорот. Сепак, до крајот, Мелбурн преку Фритш, кој постигна бихајнд, доби уште еден поен за конечна победа од (7.11) 53-54 (8.6).


