,,Банквест Стадиум” во Суднеј беше местото каде што се одигра првиот денешен натпревар од петтото коло помеѓу Саут Сиднеј Рабитохс и Голд Коуст Титанс.Двете екипи влегоа во овој натпревар со учинок од 1-3 по првите четири кола.
Сепак, домаќините имаа блага предност кога е во прашање фаворитската улога. Истата беше потврдена со победата од 32-12.
Титанс успеаја да постигнат по еден полн есеј и во двете полувремиња преку Сами, Картвајт и двете конверзии на Тејлор.
Рабитохс, пак, во првото полувреме запишаа дваесет и шест поени, а есеи постигнаа Латрел, Џонстон, Гагаи и Барнс. Останатите поени беа дело на Рејнолдс од четири конверзии и еден пенал.Во вториот дел, за тимот од јужен Сиднеј, есеј постигна само Гагаи, а истиот беше успешно конвертиран од Рејнолдс.
Со оваа победа, Рабитохс ја заземаа десеттата позиција на табелата, додека Голд Коуст остана на претпоследното место.