Вториот денешен натпревар во рамките на третото коло од овогодинешната НРЛ сезона го одиграа екипите на Кронула Шаркс и Вестс Тигерс.
Воедно, овој беше натпревар на сериите бидејќи поените беа постигнати во три серии. Во првите седум минути, Вестс Тигерс постигнаа два есеи и една успешна конверзија преку Грант, Џенингс и Маршал. До крајот на полувремето, Кронула запиша три есеи и две онверзии преку Дуган (х2), Кенеди и Џонсон (х2 конверзии).
Второто полувреме во потполност им припадна на „Тигрите“ кои го добија со 0-18. Постгнати беа три есеи (Гарнер, Нофоалума и Алоиаи), два пенали (Маршал и Мбие) и една конверзија (Мбие).
Конечниот резултат изнесуваше 16-28 во корист на Вестс Тигерс кои, со оваа победа, избија на шестото место. Од друга страна, Кронула падна на четиринаесеттата позиција и сè уште нема запишано ниедна победа сезонава.



