Екипите на Нов Зеланд Вориорс и Ст. Џорџ Илавара Драгонс го одиграа првиот денешен натпревар натпревар во рамките на третото коло од НРЛ. Екипата од Нов Зеланд ја забележа првата победа сезонава, откако славеше на овој натпревар со 18-0.
На натпреварот беа постигнати три есеи односно по еден на Тауноа-Браун (воедно негов прв во НРЛ), Катоа и Никорима. Никорима успешно претвори два од есеите и беше прецизен од единствениот пенал на мечот.
Со оваа победа, Нов Зеланд изби на дванаесеттото место како најслаб тим од четирите кои имаат по два освоени поени. Од друга страна, Ст. Џорџ Илавара е претпоследен тим со нула освоени поени.