Секаде фудбалските федерации водат сметка и грижа како за машкиот така и за женскиот фудбал, но таков случај во Македонија не постои, бидејќи ФФМ до сега откако е настаната кризата со пандемијата на вирусот, ниту доставила некакво соопштение ниту имала состанок со преставниците на клубовите од женска конкуренција за продолжението и планот околу Прва ЖФЛ.
Клубовите се во исчекување каков епилог ќе има нивниот шампионат, од причина што нивните машки колеги веќе знаат каква им е иднината, додека женските клубови се оставени на страна и никој за нив не води никаква грижа. Изминативе неколку години имавме и женски преставник во квалификациите за Лига на шампиони, но оваа година нашиот шампионат исчезна од видикот на ФФМ и нема никакви насоки за нив.
Да не биде само женскиот фудбал на маргините, ФФМ ниту за футсалот нема никаква одлука каков е нивниот статус. Несериозен пристап и некоректен однос на федерација која треба да биде во служба на своите клубови од сите рангови на постоење. На нив (женските и футсал клубовите) им преостанува само да чекаат ………………



