Една од најдобрите одбојкарки во Македонија, Софија Ричлиева својата кариера ќе ја продолжи во Данска во тимот на ОК Вестјеланд, а од таму ја најавуваат како големо засилување во тимот. Данскиот прволигаш минатата сезона ја заврши на седмата позиција, но со засилувањето со колумбиската интернационалка Гуереро како и со нашата Ричлиева ќе атакуваат на висок пласман.
Ричлиева настапуваше за косовскиот клуб Шкендерај и беа први на табелата, но поради пандемијата со вирусот, првенството се прекина и не се прогласи шампион. Освен за косовскиот прволигаш, таа настапуваше на интернационална сцена за турски Бујукчемеџе, а во Македонија играше за Македонија Макс и Виктори Волеј.



