Во „Барклејс Центер” во Њу Јорк, силите ги одмерија Бруклин Нетс и Чикаго Булс. Бруклин славеше со 133-118, а најефикасен на натпреварот беше Кајри Ирвинг. Ирвинг постигна неверојатни 54 поени додавајќи уште по пет асистенции и пет скокови. Американецот стана првиот НБА играч кој забележал толкав број на поени, а притоа процентот на успешност на шут од игра да му изнесува неверојатни 82.6% (19/23).



