Неверојатно натпреварување беше оддржано во Сапоро во рамките на светскиот куп во ски скокови. После првата серија, на првите две позиции убедливо се наоѓаа Рјоју Кобајаши и Штефан Крафт. Се чинеше дека токму тие двајца ќе се борат за победа во втората серија. Сепак, нивните планови беа „уништени” пред сè заради нивните перформанси. Кобајаши со ужасен скок од само 110 метри (а 141,5 во првата серија), заврши на разочарувачката 16. позиција, додека Крафт успеа да си ја задржи втората позиција. Од 6. место после првата серија, Јукија Сато дојде до својата втора победа во кариерата. Прв пат после 2012, во Сапоро славел домашен скокач. Последен победник кој потекнува од Јапонија беше Даики Ито. На третата позиција заврши Давид Кубацки. За Полјакот, ова е десетти последователен подиум, а воедно и десетти пласман на најниската скала на подиумот. Најголем напредок во однос на првиот скок направи Јан Херл кој од 23. успеа да стигне до 5. место. На четвртото место, а воедно и најдобар Словенец, беше Домен Превц. До првите поени во својата кариера стигна Марко Ворготер завземајќи ја 23. позиција, а три места подолу од него заврши Естонецот Арти Аигро кој по втор пат во кариерата се наоѓа во првите триесет скокачи.
Најголем победник од оваа ситуација е Штефан Крафт кој го превзема водството во генералниот пласман со десет поени предност пред Карл Гајгер.



