Натпреварот со најмногу „ТОП 10″ потези беше одигран во Њу Орлеанс помеѓу домашните Пеликанс и гостинските Гризлис од Мемфис. Пеликанс славеа со 139-111, а првиот пик на овогодинешниот драфт, Зајон Вилијамсон, беше најефикасен играч на мечот. Американецот постигна 24 поени придружени со 6 скокови и 3 асистенции. Кај „Гризлите” најефикасен беше Јонас Валанчиунас со само 18 поени и 8 скокови.



