Рафаел Надал освен трофеј си доби и чек од 250.000 долари по триумфот во Абу Даби во финалето на егзибицискиот подготвителен турнир над Циципас со 2:1 по сетови (6:7, 7:5 и 7:6).
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по петти пат го освои трофејот за најдобар на егзибицискиот турнир во Абу Даби откако во финалето кое траеше 3 часа и 15 минути го совлада Гркот Циципас.



