По два и пол часа игра на ИТФ финалето во Анталија нашата најдобра 25-годишна тенисерка Лина Ѓорческа стигна до нов трофеј во кариерата овој пат беше поуспешна во три сета од финската ривалка Уна Урпана со 6:4, 6:7 и 6:1.
Ѓорческа го загуби вториот сет на тај брејк и на тој начин мечот влезе и во трет сет кој на доминатен и на рутински начин нашата македонска тенисерка го заврши успешно. За Лина Ѓорческа ова е втора титула во сингл за оваа 2019 година. Наградниот фонд во Анталија изнесуваше 15.000 долари.



