Во рамките на 17 коло од Прва МФЛ во дербито на колото во Струмица, тимот на Вардар стигна до рутинска победа од 0:3 и се зацврсти на врвот со 35 бода на контото на табелата. Двоен стрелец беше Даниел Аврамовски кој е новопечен репрезентативец, додека печат на триумфот постави Владица Брдаровски.
Академија Пандев со овој пораз падна на третото место на табелата, бидејќи Шкендија го искористи нивниот пораз и со победа на тетовските ,,Црвено-црни” во второто дерби против Шкупи од високи 4:0 ја презедоа втората позиција на струмичани.
Денешни резултати Прва МФЛ:
Академија Пандев 0:3 Вардар
Шкендија 4:0 Шкупи
Борец 1:0 Ренова
Работнички 1:1 Силекс
Вчера Прва МФЛ:
Македонија Ѓорче Петров 1:1 Струга Трим Љум



