На завршниот Мастерс турнир за жени Александра Симева ја потврди својата трета по ред титула за жени за 2019 година. Симева ја потврди својата одлична форма и квалитет па најпрвин во полуфиналето беше поуспешна против Ива Данева со 6:1 и 6:2, додека во финалето Симева се сретна против Кузманоска и ја совлада со 6:2 и 7:5. Вкупно земаа учество пет тенисерки. За Александра Симева ова е трета титула за жени во 2019 година.



