После 18 години пауза во Лесковац,Србија се одржа Лесковачкиот полумаратон по 20-ти пат во историјата. На 21-километарската трка, Македонија имаше бројни преставници каде што токму македонката Весна Кираџиева триумфира во полумаратонот во женска конкуренција.
Освен Кираџиева од Македонија настапија уште и Елена Димитровска, Александар Смилков, Александар Димитриовски како и многу други тркачи од останатите клубови од Македонија кои постигнаа резултати во склоп на своите можности.



