Петтото коло од англискиот Чемпионшип го отворија Дерби Каунти и ВБА. Овие две екипи последен пат се сретнаа на стадионот на Дерби – „Прајд Парк” на крајот на претходната сезона кога Дерби победи со 3-1.
Натпреварот беше карактеризиран со неколкуте лоши судиски одлуки од страна на познатиот арбитар Гери Ворд.
Најпрво, во 6. минута беше досуден пенал за Дерби што Вагхорн го претвори во водство од 1-0. Две минути пред крајот на првото полувреме беше досуден уште еден дискутабилен пенал и повторно во корист на Дерби. Овој пат Вагхорн беше неуспешен т.е. Џонстон го одбрани неговиот удар.
Конечниот резултат беше постигнат во 84. минута кога беше досуден уште еден контроверзен пенал, но овој пат за ВБА, што Зохоре го претвори во гол.
Дерби со овој поен се искачи на 11. позиција после пет одиграни кола, а ВБА се наоѓа на петтата позиција и има само бод заостаток и натпревар повеќе во однос на првопласираните Лидс и Свонси.



