Во рамките на 5. коло во Чемпионшип, Лидс на гости се соочи со Стоук Сити и ја оправда фаворитската улога. Најпрво во 42. минута погоди Далас, а на почетокот на второто полувреме, на асистенција на Бамфорд стрелаше нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Ова беше прв подогок за Алиоски уште од 1. март кога го постигна четвртиот погодок во победата на Лидс од 4-0 против ВБА.
Во 66. минута Бамфорд го заби и третиот гол за Лидс, а со тоа ја завери победата на својот тим.
Резултати од петтото коло во Чемпионшип:
Дерби 1-1 ВБА
Барнсли 1-3 Лутон
Блекбурн 0-0 Кардиф
Чарлтон 1-0 Брентфорд
Фулам 1-2 Нотингем
Хадерсфилд 0-2 Рединг
Хал 1-3 Бристол Сити
Мидлсброу 1-1 Милвол
Престон 2-1 Шефилд Венсдеј
КПР 3-1 Виган
Стоук 0-3 Лидс
Свонси – Бирмингем (недела во 13:00 часот)



