Десното крило на ЖРК Стружанка, Магдалена Делиоска, која што најавуваше промена на средината и заминување од својот матичен клуб сепак нема да се случи ништо и останува верна на ЖРК Стружанка.
Делиоска беше во преговори во Пелистер од Битола но како што ни кажа сепак преговорите биле залудни бидејќи Пелистер не можел да даде понуда како за професионален играч кој што веќе има и настапувано на Европско првенство со кадетската репрезентацијата на Република Македонија и дел од младинската репрезентација.
Пелистер ми понуди многу ниска плата за моето ангажирање во Битола, кој што хонорар не е доволен да се живее и работи во друг град, така да еднсотавно беше неприфатливо да го потпишам тој договор бидејќи станува збор за професионализам и за тим кој што се натпреварува во најелитното женско ракометно натпреварување во Македонија, и донесов одлука дека со срце и љубов кон Стружанка ќе играм до крај. – Изјави Магдалена Делиоска



