Во многу интересно интервју, Новак Ѓоковиќ ја открил приказната за почетокот на својата кариера, односно дел од приказната за односот со неговите родители. Тој призна дека многу научил од нив до ден денеска.
“Тенисот е толку тежок, што патувате уште од рана возраст и немате можност да имате блиски односи со никого, најчесто комуницирате со тренерот, отколку со својот татко. Се обидов нештата да ги сменам, бев тинејџер и имаше работи што требаше да разговарам со татко ми, но тоа едноставно не се случуваше, бидејќи поминував многу време со тренерот. Сето тоа е многу лошо за вашиот личен развој, но ние со татко ми компензираме за нашето време “, кажа на крај Ѓоковиќ.



