Андер Херера ќе биде новиот фудбалер на Париз Сен Жермен на лето, објавија француските и англиските медиуми. Имено, тие посочија дека фудбалерот од средниот ред веќе преговарал за условите за соработка со парижаните.
На играчот на Манчестер Јунајтед му истекува договорот во клубот, па затоа одлучил да бара нова средина, бидејќи Јунајтед не бил заинтересиран за неговиот понатамошен ангажман. Во август оваа година, Шпанецот ќе има 30 години, а оваа сезона играше 20 натпревари во кои постигна два гола и делеше три асистенции. Во Јунајтед дојде од Атлетик Билбао за 36 милиони евра.



