Пред неколку дена на Мастерс турнирот во Мајами се одигра дуелот помеѓу Реило Опелка од Сад кој има висина од 211 см и Диего Шварцман од Аргентина кој е висок 170 см. При еден сервис на Опелка, тенисерот побара прекин на играта поради тоа што му сметало сонцето при сервисот, што главниот судија го прифати предлогот и даде десетминутна пауза.
На ваквата одлука аргентинскиот тенисер видно се изнервира и побара од судијата објаснување зошто е доделен прекин на мечот кога препреката е на далечина од 300 метри и го праша судијата што е тој самиот крив што противничкиот тенисер е толку висок, при тоа Шварцман го загуби и натпреварот откако продолжи мечот.



