Баерн Минхен го собори рекордот за најскапо засилување во Бундеслигата, каде што „баварците” го потврдија трансферот на Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра. Сепак дефанзивецот кој стана најскапо засилување во историјата на Бундеслигата веднаш замина на операција откако деталните лекарски прегледи покажаа оштетување на лигаментите на десното колено.



