Виена е главен град на Република Австрија и е една од деветте сојузни покраини на државата. Виена е главен град на Австрија, со население од 1,7 милиони (2,3 милиони во метрополитенската област, повеќе од 25% од населението на Австрија) и моментално е најголемиот град во државата и нејзин културен, економски и политички центар. Градот е десетти по големина во Европската Унија. Виена, како центар на Австрија, која во текот на студената војна се сметаше за неутрална земја , е домаќин на голем број меѓународни организации како што се Обединетите Нации и ОПЕК.
Виена се наоѓа во источна Австрија, блиску до Словачка, Чешката Република и Унгарија. Овие региони работат заедно во централниот европски граничен регион. Поради нејзината близина со Братислава, Виена образува метрополитански регион од 3 милиони граѓани. Во 2001 година, центарот на градот стана дел од Светското Наследство на УНЕСКО.



