Првото изненадување на овогодинешното СП во рагби ни го приреди селекцијата на Уругвај победувајќи ја екипата на Фиџи. Ова е прва победа за Уругвај над денешниот противник во историјата, а воедно и прва победа на СП над екипа која е рангирана на првите 10 позиции на ранг-листата. Последната победа на СП на Уругвај датира од пред 16 години кога ја совладаа Грузија.
Уругвај постигна „само” три есеја во однос на петте есеја на Фиџи. Сепак, на денешниот натпревар пресудно беше шутирањето. Беркеси, шутерот на Уругвај, на својот тим му донесе цели 15 поени и имаше само еден промашај, додека Фиџи имаа само 2 освоени поени преку шут – со конверзијата на вториот есеј на Џош Матавеси.
Со оваа победа, Уругвај се вклучи во трката за првите две позиции кои водат во плејофот, а Фиџи со освоените два поени од овој пораз сè уште има шанси да загарантира учество и на наредното СП со освојување на една од првите три позиции во групата.



