Александра Јанева го претстави видеотo за својот најнов проект „Сестро“ – носечка песна на нејзиниот претстоен албум.
Музиката, аранжманот и целосната музичка продукција се дело на Лазар Цветкоски, додека моќниот и сензибилен текст го напиша Луна.
Режијата и монтажата на видеото се на Огнен Шапковски (Melem Production), додека за прекрасните кадри како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров.




