Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска ја продолжува својата кариера во странство и официјално стана нова ракометарка на ЖРК Брод од Хрватска. Таа доаѓа од редовите на ЖРК Металург Автокоманда, каде што беше една од носечките играчки на тимот.
Поради актуелната состојба и предизвиците со кои се соочува Металург Автокоманда, дел од ракометарките решија да побараат нови средини каде што ќе имаат подобри услови за развој и докажување. Коларовска ја искористи можноста за интернационален исчекор и нов предизвик во својата кариера




