Македонскиот поп-пејач Лозано ја претстави својата најнова песна, со која уште еднаш потврдува дека неговата сила лежи во искрената емоција и препознатливиот, смирен музички израз.
Музиката, аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се дело на Лазар Цветкоски, во продукција на LCV Production, што гарантира современ и прецизен звук, верен на стилот по кој Лозано е препознатлив. Текстот го потпишува Магдалена Цветкоска – Ена, носејќи зрела и емотивна лирика во која лесно може да се препознае секој што поминал низ тивки, но длабоки чувства.
Посебен печат на песната ѝ дава и гитарската изведба на Гоце Симоновски, која суптилно ја надополнува атмосферата и ја води емоцијата низ целата композиција.Видеоспотот е реализиран под режија, камера и монтажа на Гордан Божиновски, со Верица Донев Божиновски како продуцент. За осветлувањето се погрижија Милан Богдановски (gaffer) и Кристијан Цакончев (gaffer assistant), создавајќи визуелно смирена, но силна приказна што целосно кореспондира со емоцијата на песната.




