Лина Ѓорческа беше само еден поен далеку од целосен пресврт, но драмата во третиот сет ја однесе нејзината австралиска приказна во погрешна насока.
По два часа и 15 минути исцрпувачка борба, нашата најдобра тенисерка не успеа да го искористи клучниот момент при резултат 5:5, кога имаше шанса да го освои гејмот на сервис на Тамара Зиданшек.
Наместо водство, следеше брејк на Словенката, која потоа со 7:5 го запечати третиот сет и победата од 2:1. Меч што можеше да донесе голема радост, но заврши со горчлив и болен крај за македонскиот тенис.




