Македонската легенда Филип Миркуловски, иако веќе не е активен играч, ќе биде дел од македонската репрезентација на Европското првенство како шеф на делегацијата. Тој очекува Македонија да може да изненади, и покрај тешката група со Данска, Португалија и Романија.
„Се наоѓаме во многу силна група со Данска, Португалија и Романија, но дојдовме на првенството со цел да изненадиме. За Данска не е потребно многу да се зборува – тоа е една од најсилните светски репрезентации и е меѓу главните фаворити за титулата. Ние ќе дадеме максимум на секој натпревар, без калкулации, и ќе се бориме подеднакво силно и против Португалија и против Романија“, изјави Миркуловски.




