
По воведната победа на стартот на новата сезона од финската хокеарска Лиига, екипата на ИФК Хелсинки запиша четири порази.
Последниот од нив беше нанесен од страна на КооКоо, кој во престолнината на Финска славеше со 1-5.
Најпрво, во втората третина, ИФК поведе со 1-0, благодарение на Ииро Пакаринен.
Сепак, до крајот, гостите пет пати ја затресоа мрежата на Ниило Халонен, а стрелци беа Тони Сууронен, Самули Ратинен, Јоосе Антонен, Линус Андерсон и Хајки Лиедес.
На табелата, КооКоо изби на третата позиција, додека ИФК Хелсинки остана на самото дно.




