
За првпат после три години, Салават Јулаев Уфа и Динамо Минск го одредија меѓусебниот победник на пенали.
Имено, во првиот меч од денешната КХЛ програма, претставниците на Русија славеа над Белорусите со конечни 3-2 после пенал-серијата за тринаесеттиот врзан меѓусебен триумф.
Во регуларниот дел од натпреварот, Салават поведе во два наврати преку Александер Хмелевски и преку Сергеј Шмелјов, а Динамо израмнуваше, благодарение на Никита Пишкајло и на Витали Пинчук.
Во рулетот, прецизни во корист на домашниот состав беа Иван Дроздов и Николај Кулемин, додека за клубот од Минск реализираше само Денис Мосалјов.
Во Источната конференција, Салават скокна на третото место, а Динамо остана на четвртата позиција на Западот.




