
Лимерик ја освои регионалната титула во харлинг на Манстер по дваесет и трет пат во историјата, откако денес славеше над Клер.
Имено, во финалето, ,,Зелените” дојдоа до четвртата врзана провинциска круна, совладувајќи ги своите ривали со (0-29) 29-32 (1-29).
Натпреварот беше потполно неизвесен што се доловува со фактот дека резултатот беше изедначен во дури четиринаесет наврати.
Накрај, победата на Лимерик му ја донесоа стрелецот на голот, Героид Хегарти (1-00) и најефикасните Шејмус Фланаган (0-08) и Арон Џилејн (0-10).
На спротивната страна, Дејвид Фитцџералд (0-5) имаше пет поени, а маестрална партија одигра Тони Кели (0-13).
Во ждрепката на Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип, Лимерик отиде директно во полуфиналето, а Клер ќе игра четвртфинале против победникот од дуелот помеѓу Вексфорд и Кери.




