Најпрестижното натпреварување во галски фудбал, Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, ќе добие нов шампион во тековната сезона.
Имено, бранителот на титулата, Тироун, денес загуби од Армах со (1-16) 19-13 (1-10) во првата квалификациска рунда и ја заврши својата овогодишна авантура.
,,Црвените раце” пружија очајна партија со оглед на фактот дека важеа за фаворити и постигнаа скромни седум поени од игра (1-04).
Од нивните претставници, најефикасен беше Дерен МекКари (0-07), а голот го постигна Конор МекКена (1-00).
Тироун подобро го започна мечот, но веќе во петнаесеттата минута, победниците го презедоа водството и го добија второто полувреме со 10-5.
Голот за избраниците на Киран МекГини го постигна Ејдан Нуџент (1-01), а одличниот Рајан О’Нил (0-04) ја контролираше играта низ теренот.
Во втората квалификациска рунда, Армах ќе добие еден од четирите противници – Лимерик, Килдер, Роскомон и Донегал.