Тимот на Холабрун, каде што играат двајцата македонски интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, во последното коло од плеј-офот од Втората лига на Австрија славеше против Тирол со 31-23 и го подигна шампионскиот пехар за најдобрaта екипа во Втората лига (Австриска Челинџ лига).
Влатко Митков со 11 погодоци беше одличен (7 од седмерец), додека десното крило Никола Костески постигна 2 гола, имаше и 2 асистенции и 1 украдена топка.
Австриската федерација реши оваа сезона да нема испаѓање во понизок и пласман во повисок ранг, па Холабрун и наредната сезона ќе игра во Втората лига.