
На женската штафетна трка во биатлон во рамките на ЗОИ 2022, репрезентацијата на Шведска (1:11:03,9) го освои првиот златен медал во оваа дисциплина.
Во составот на ,,златната” селекција спаѓаа Лин Персон, Мона Брорсон и сестрите Хана и Елвира Оберг.
После голема борба што траеше сè до последното стрелање, Русија (+12,0) го освои среброто пред Германија (+37,4).
Третата селекција што се бореше за пиедестал беше Италија (+1:33,1), која накрај заврши дури како петта, после Норвешка (+50,7).
Од дамите кои освоија медал, за Русија настапија Ирина Казакевич, Кристина Резцова, Светлана Миронова и Улијана Нигматулина, додека Германија ја претставуваа Ванеса Воигт, Ванеса Хинц, Франциска Пројс и Денизе Херман.
На претходните Зимски олимписки игри, на пиедесталот завршија Белорусија, Шведска и Франција.




